Во зоолошка градина во Аризона јагуар нападнал жена која ја прескокнала заштитната ограда за да направи селфи.
Повредите кои жената ги здобила не се опасни по живот, а инцидентот се случил кога жената ја прескокнала бариерата за да се фотографира со јагуар, кој ја турнал шепата низ решетките и ја зграбил при што и нанел длабоки гребнатинки.
Директорот на Светската зоолошка градина за диви животни Мајкл Олсон рекол дека не постои начин луѓето кои ја прескокнуваат оградата да избегнат такви ситуации, затоа што, како што вели, тие се тука со добра причина.
Јагуарот од зоолошката во Аризона и претходно нападнал еден посетител кој ја прескокнал оградата, но не така сериозно како сега.
Олсон потврдил дека инцидентот е резултат на „човечка грешка“ и дека јагуарот нема да биде успиен.