Премиерот на Чешка пристигна во посета на Украина

Сподели со своите пријатели

Чешкиот премиер Петр Фиала денеска пристигна во посета на Украина.

Loading...

„Ние сме во Киев, кој исто така беше под руски ракетен оган утринава. Имаме серија преговори со украинските пријатели. Верувам дека тие ќе дадат конкретни резултати“, напиша Фиала на Твитер.

Тој оцени дека Украинците не се борат само за својата земја, туку и за цела Европа.

„Нашата поддршка мора да продолжи“, рече Фиала.

Претходно беше најавено дека дел од чешката влада денеска ќе го посети Киев и дека е планирана средба на владите на Украина и Чешка, пренесува Интерфакс Украина.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.