Премиерот Ковачевски во посета на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети Општина Куманово.

Loading...

Ковачевски, според агендата, ќе ја посети млекарницата „Бучен Козјак“. По обиколката, предвидени се изјави за медиумите на премиерот Ковачевски и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Посетата на премиерот Ковачевски ќе продолжи со увид на мостот во населба Проевце на реката Кумановка. Заедно со Ковачевски увид ќе извршат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.