Премиерот Ковачевски ќе се обрати на централната прослава по повод Денот на независноста

Сподели со своите пријатели

Денот на независноста – 8 Септември, кога пред 31 година граѓаните на демократски начин, на референдум гласаа за самостојна и суверена држава, денеска, под мотото: „Обединети во слободата“ со многубројни манифестации и културни настани достојно се чествува.

Loading...

Централната свечена прослава, на која ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи на платото кај паркот „Ибни Пајко“.

Свечената програма и обраќањето на премиерот Ковачевски ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија на следните линкови:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

 

 

Во рамки на свечената програма се предвидени музички нумери од различни вокалисти, концерт на групата „Нокаут“, како и атрактивно шоу на диск-џокеј.

Денешниот ден, се одбележува на територијата на целата држава. Владина делегација, предводена од премиерот Ковачевски, изутринава оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Loading...

Премиерот Ковачевски присуствуваше и на церемонијата на традиционалното доделување на ордени од претседателот на државата Стево Пендаровски во вилата „Водно“.

Во скопскиот Градски парк, кај „Школка“, децата и возрасните уживаа во претставата „Лакомата меца“ во изведба на актери од Театарот за деца и младинци, како и во претставувањето на тактичко показните вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скратена настава за учениците ден пред изборите

Покрај богатата музичка и забавна програма, денеска, до 20:00 часот за сите заинтересирани посетители се отворени вратите на повеќе културни установи, музеи и галерии.

Почитувани граѓани, нека ни е честит големиот ден, Денот на независноста – 8 Септември, да го славиме горди, здружени и со достоинство!