Премиерот Груевски денес ќе оствари посета на Куманово

Сподели со своите пријатели

Според агендата соопштена од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово, денес во посета на Куманово и две села од кумановскиот регион ќе пристигне Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Loading...

Во 13 часот, Груевски ќе оствари средба со жителите на с. Романовце, во 13:20 ќе биде посетено  ООУ “Толи Зордумис”, а десет минути подоцна и просториите на ООУ “Браќа Миладиновци”.

Во рамките на својата посета на Куманово, Премиерот ќе го посети и локалитетот Кошеви во нас. Гоце Делчев, по што во 14 часот ќе се упати на средба со жителите на с. Пчиња.

По одржаниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Куманово на 2 и 3 мај, ова е прва посета на Груевски по настаните кои се случија во Куманово, кога се случи терористички напад во нас. Тоде Мендол.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.