Преку ИПАРД проект до реконструиран пазар

Сподели со своите пријатели

Општините Куманово и Гњилане ќе ја развиваат меѓуграничната соработка на Македонија и Косово преку ИПАРД фондот.

Двајцата градоначалници најавија апликација во следниот период за проект за развој на Грин маркет, односно зелени пазари, а е на идеја на градоначалникот на Гњилане, Љутфи Хазири.

Така е нивната идеја која исто така соодветствува со нашите потреби. Знаете дека пред две години аплициравме на таков проект на бугарско-македонска меѓугранична соработка и добивме некоја референца на влезна компонента во зоната на избор, па сме на листа на чекање и тој проект стагнира година и половина. Го обновуваме, реапликација би била некаква и се надеваме дека ова ќе пројде, бидејќи интересот на двете страни е подеднаков, тоа ќе биде првично од 200.000 евра на двете страни, со партиципација од 40% на локалните заедници зависно од тоа што ќе бараме – вели Дамјановски.

Како што посочи градоначалникот Дамјановски, првите заложби ќе бидат обнова на кровната конструкција на зелениот пазар, одводнувањето и по можност во следниот период да следува и партерно уредување.

Ќе одиме во неколку фази, ова е почетокот на нашата соработка. Кога ќе го остваримепрвиот дел ќе се ангажираме во понатамошниот проект да го прошириме и ќе имаме еден модерен зелен пазар со кој Куманово дефинитивно ќе дава услуга на граѓаните – додава Дамјановски.

Градоначалникот на Гњилане, Љутви Хазири, инаку кумановец по потекло вели дека е големо задоволствот да се работи на овој проект кој ќе донесе бенефит за двете општини.

Наскоро ќе аплицираме на овој Грин маркет проект, комплетна модернизација на пазарот и услугите, во исто време работиме заедно фармерите од овие општини да свратат на пазарите во Гњилане и да ги продаваат своите продукти. Заедно ќе работиме и на други проекти затоа што Гњилане е член на Европската мрежа на општини и градови на Европската заедница во која ние аплицираме на други фондови. Куманово е прв и најдобар партнер во овој проект и ќе работиме и на други заеднички проекти – изјави Хазири.

Како што посочија двајцата градоначалници во следниот период се очекува Министерствата за внатрешни и надворешни работи да работат активно на воспоставување на граничниот премин Белановце – Станчиќ со што ќе се подобри комуникацијата помеѓу овие две општини, но и помеѓу Македонија и Косово.