Преку ден сонце и ветер, попладне услови за нестабилност до крајот на неделата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Минималните температури ќе бидат од 11 до 18 степени, деодека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 25 до 32 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со умерена обчаност и засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 27 степени целзиусови.

Претежно сончево ќе биде и во четврток, кога ќе има и значителен пораст на температурата. Од петок во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а услови за нестабилност ќе има и во попладневните ќасови на деновите од викендот, но и понатаму ќе биде доста топло.

Услови за попладневна нестабилност ќе има и во деновите на викендот.