Прекината железничката линија Скопје – Табановце

Сподели со своите пријатели

Жителите на кумановските села Романовце и Табановце повторно реагираа дека е укината железничката линија Скопје-Табановце.

Loading...

Од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје денеска информираа дека причината поради укинувањето на линијата е недостаток на машиновозачи.

– Се надеваме дека проблемот ќе се надмине со прием на машиновозачи, изјавија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Граѓаните кои го користат железничкиот превоз велат дека е многу поевтино да се користи воз во однос на зголемените цени на автобуски превоз до Скопје.

На оваа линија има неколку застанувања, а најчесто ги користат жителите на селата Романовце и Табановце поради работата во Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

И летово, лани имаше сличен проблем на оваа линија, исто така поради недостиг на машиновозачи.