Прекината 29. седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветата седница на Советот на Општина Куманово беше прекината по шестата точка на дневен ред.

Loading...

Ваква одлука донесе претседателката на Советот Атина Мургашанска, откако не успеа да се обезбеди присуството на градоначалникот кој поради други обврски не се појави на седницата.

Како предлагач на точката за носење одлука за јавно-приватно партнерство за јавното осветлување во Куманово, советниците сметаа дека е нужно присуството на градоначалникот Димитриевски да ја елаборира истата и подетално да ги запознае со програмата.

По паузата од половина час, седницата е прекината.

– Со оглед дека не успеавме да го обезбедиме присуството на градоначалникот кој е предлагач на точката, во овој момент прогласувам прекин на 29та седница. За продолжение на истата ќе бидете известени благовремено по електронска пошта, а граѓаните преку средствата за јавно информирање, рече Мургашанска.

Инаку предлог точката опфаќа формирање јавно-приватно партнерство меѓу Општина Куманово и приватна фирма за поставување и одржување на јавното осветлување во градот, а договорот би бил во вредност од 4,7 милиони евра.

фото: архива

Leave a Reply