Прекин на струја по руските напади во три градови во Украина

Сподели со своите пријатели

Делови од најмалку три украински градови, вклучително и главниот град Киев, се соочуваат со наизменичен прекин на електричната енергија по денешните руски ракетни напади, соопштија украинските власти.

Loading...

Локалната енергетска компанија во Киев, ДТЕК, на Фејсбук објави дека во станбен кварт во Киев повремени прекини на струја, како и прекини во снабдувањето со вода.

„Руски напади утринава оштетија критична инфраструктурна постројка во областа Десњанск, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во станбениот кварт Тројешчина и тешкотии во снабдувањето со вода во тој дел од градот“, соопшти компанијата.

Прекини на напојувањето во Днепар и Житомир

Пријавени се прекини на електрична енергија во најмалку три дела од регионот Дњепропетровск, вклучително и делови од градот Днепро, а една водоводна централа остана без струја откако Русија истрела ракета врз електрана која претрпе „тешка штета“, според локалните службеници.

Градоначалникот на Житомир, град со околу 250.000 жители, претходно изјави дека има прекини во снабдувањето со струја и вода, при што болниците се префрлени на напојување од помошни генератори.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.