Предупредување до Израелците да не патуваат во Турција

Сподели со своите пријатели

Израел денеска издаде предупредување до граѓаните да не патуваат во Турција бидејќи се плаши од одговорот на Иран на неодамнешниот атентат на полковник на Иранската револуционерна гарда.

Loading...

Полковникот Сајад Хасан Ходаи бил погоден со вкупно пет куршуми од двајца непознати напаѓачи на мотор, додека бил во автомобил пред својата куќа во центарот на Техеран.

 

Кинез ја прекинал изолацијата, па 5.000 луѓе морале во карантин

 

Тој, наводно, бил вклучен во убиства и киднапирања надвор од Иран, вклучително и обиди за напад на Израелци.

„Со недели, а уште повеќе откако Иран го обвини Израел за убиство на офицер на Револуционерната гарда минатата недела, се зголеми загриженоста во одбранбениот естаблишмент поради обидите на Иран да им наштети на израелските цели низ светот“, се вели во соопштението на израелскиот Совет за национална безбедност.

Во соопштението се додава дека предупредувањето за патување во Турција се засилува и дека таа и другите земји кои граничат со Иран претставуваат „високо ниво на ризик за Израелците овие денови“.

Loading...

 

 

Цената на нафтата скокна на 120 долари за барел

 

Безбедносните претставници рекоа дека предупредувањето е издадено поради „вистинските закани против Израелците“ во Турција, но не прецизираа кои.

Советот за национална безбедност соопшти дека „израелските граѓани мора да бидат внимателни и да ги преземат неопходните мерки на претпазливост кога патуваат во една од овие земји“.

Израел официјално не го коментираше убиството на полковникот, но наводно ја зголеми безбедноста во амбасадите и конзулатите ширум светот.

 

Loading...

Двајца цивили загинати, петмина ранети во Северодонецк, градот без вода, струја и гас

 

Во ноември 2020 година, во Иран беше убиен врвниот нуклеарен научник Махсен Фахризаде.