Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава ги коментираше синоќешните руски ракетни напади врз Уман, Днепар и Киев.
Тој на својот канал Телеграм објави видео од последиците од нападот и напиша: „Моето сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски поради рускиот терор“.
„Благодарен сум на нашите воздухопловни сили, на нашата воздушна одбрана, на сите што помагаат да се надминат последиците од непријателските напади, на секој што го штити нашиот народ. Овој руски терор мора да се соочи со фер одговор од Украина и од светот. И ќе имаат“, додаде Зеленски.
„Секој ваков напад, секое вакво зло против нашата земја и народ ја доближува терористичката држава Русија до уништување и казна, а не обратно, како што мислат тие. Нема да заборавиме никакво злосторство и нема да дозволиме напаѓачите да избегаат од одговорноста“, најави украинскиот претседател.
Во нападите загинаа неколку лица
Сирените за воздушен напад утрово се огласија низ Украина. Во ракетниот напад загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и тригодишно дете, јавува Би-Би-Си.
Десет лица загинаа, а 17 се повредени во централниот град Уман откако проектили погодија станбени згради, соопштија официјални лица. Три деца се спасени од урнатините, пишува АП.
Експлозии имало и во градовите Кременчук и Полтава, пренесува агенцијата Интерфакс.
Би-би-си јавува дека во Днипро загинале жена и тригодишно дете.
Шефот на градската воена управа на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден. Нема информации за цивилни жртви во главниот град.
Фотографии од страшниот напад објави и Олена Зеленска
Олена Зеленска, сопруга на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави неколку фотографии од зграда погодена од руски проектил.
„Русите намерно уништија дел од станбената зграда. Луѓето се под урнатините. Ова е толку страшно што изгледа како паралелна реалност“, напиша таа, додавајќи: „Луѓето не можат да им го прават тоа на другите луѓе. Но, Русите можат. Моето сочувство до семејствата на жртвите. Одмаздата сигурно ќе дојде“, пренесува N1.
⚡️Russia strikes Cherkasy Oblast overnight on April 28, injuring 5.
Russian forces attacked the city of Uman in central Cherkasy Oblast with cruise missiles in the early hours of April 28, regional governor Ihor Taburets said on Telegram.
Video: Zoya Vovk, Cherkasy Oblast… pic.twitter.com/j5yznTcCSy
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 28, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.