Предноста на Бајден пред Трамп кај повозрасните гласачи стигна до 20 отсто

Сподели со своите пријатели

Поранешниот потпретседател Џо Бајден го зголеми водството пред актуелниот претседател Доналд Трамп до 20 отсто кај гласачите на возраст од над 65 години. 

Loading...

Ова се дознава од најновите анкети на јавното мнение воочи претседателските ибори во САД. Една е на Си-ен-ен, друга е на Ен-би-си Њуз и Волстрит журнал. 

Гласачите на возраст над 65 години се најсигурни гласачи. Од друга страна, оваа група е најмногу на удар на пандемијата на коронавирус. Затоа излезноста на  лицата во поодмината возраст на изборите што се оддржуваат за неколку недели може да биде пресудна за Бајден. 

Според анкетата на Си-ен-ен, 60 проценти од избирачите постари од 65 години би гласале за Бајден, додека само 39 отсто од оваа група избирачи би гласале за Трамп. Кај анкетата на Ен-би-си, овој однос е 62 наспроти 35 во полза на Бајден. 

Од анкетата на Си-ен-ен се дознава дека Бајден води со 16 процентни поени пред Трамп кај сите гласачи. Од анкетата на Ен-би-си пак се дознава дека Трамп заостанува за 14 отсто. 

Си-ен-ен анкетирале 1.205 гласачи со маргина на погрешност од 3.3 отсто. Ен-би-си анкетирале 800 гласачи со опсег на погрешност од 53.5 проценти. 

Изборите во САД се на 3 ноември. Анкетите не ја кажуваат целосната слика бидејќи изборите се одлучуваат во такананаречените „фронтови држави“, каде гласачите се колебливи и до до последен момент не се знае исходот. Тие држави се Пенсилванија, Флорида, Висконсин, Џорџија, Северна Каролина, Миџиген и други.   

Во пресрет на гласањето, кампањите и на двајцата кандиндати ќе бидат поактивни токму во овие држави.

Loading...

Борис Камчев, САД


Leave a Reply