Предлог за пошумување во кое ќе учествуваат советниците, поднесе ВМРО-ДПМНЕ до Советот

Сподели со своите пријатели

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Куманово Елена Доцевска – Божиновска, поднесе предлог за организирање акција за пошумување во која ќе се вклучат сите советници.

Loading...

– Како координатор, во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, до претседателот на Советот на Општина Куманово, г-ѓа Ивана Георгиевска, доставив Предлог-иницијатива за организирање акција за пошумување во која ќе се вклучат сите советници, со цел покрај протоколарната Конститутивна седница, позитивно да го означиме стартот на мандатот на новиот состав на Советот на Куманово, соопшти Доцевска – Божиновска на социјалните мрежи.

 

 

Таа ги повика колегите да стартуваат симболично, ефикасно и позитивно согласно намерите искажани во предизборниот период.

– Искрено се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена и реализирана со покажан интерес од сите 33 советника. Намерата на нашата советничка група е ваквата акција да биде редовна во секоја една урбана и месна заедница каде советниците заедно со сограѓаните од тие заедници ќе придонесат за поубаво и поздраво Куманово, вели Доцевска – Божиновска.

Никола Ивановски

Loading...