Предавање за превенција од коронавирусот во кумановската касарна

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст на Република Македонијана од Куманово вчера одржа eдукативно предавање за превенција од корона вирусот за припадниците на Армијата.

Loading...

Предавањето беше спроведено во касарната „Боро Менков” – Куманово, а предавач беше Д-р Јадранка Стаменковска –  епидемиолог од Центарот за Јавно здравје Куманово, која преку презентација објасни што претставуба коронавирус, како се пренесува, кои се симптомите, како и мерки кои треба да се превземат да се превенира болеста.

На предавањето, како што информираат од Црвениот крст присуствувале 44 припадници од Армијата на Република Македонија.

фото: Црвен Крст Куманово

Никола Ивановски

Leave a Reply