Николет Попа (26) од Вилмингтон во САД еден ден пред речиси две години решила да има сериозен разговор со својот сопруг Рајан (27).
Таа му призна дека ја привлекуваат исклучиво жени. Во тоа време тие биле во брак неколку години и имале две деца.
И покрај нејзиното признание, тие решиле да останат заедно затоа што се голема поддршка еден на друг, велат дека се „сродни души“ и дека се убави заедно.
View this post on Instagram
– Сѐ уште сме во брак и живееме заедно во семеен дом со нашите деца. Засега, функционира она што го правиме и како го правиме. Се трудиме на нашите деца да им обезбедиме се што им е потребно – изјавила Николет, која работи како возач на комбе додека нејзиниот сопруг е државен службеник кој често е отсутен од дома поради работа.
– И двајцата решивме дека сакаме да останеме. Приоритет му даваме на семејниот живот пред сите други работи – додаде таа.
– За нас е важно нашите деца да бидат среќни и да знаат дека се сакани. Сакаме двајцата родители да бидат со нив колку што е можно повеќе. Рајан и јас го одржувавме ова пријателство, тој секогаш ќе ми биде најдобар пријател. Се венчавме кога јас имав 19, а тој 20. Тој е тој човек кој секогаш беше блиску до мене. Чувствувам дека тој секогаш ќе биде моја сродна душа, само од друга перспектива. Најмногу се поддржуваме – изјави Николет.
View this post on Instagram
Се присетила и на периодот од животот кога му признала се
– Тогаш живеевме во Јапонија, а пандемијата и затворањето значеа дека бевме многу повеќе заедно. Бевме затворени во нашата куќа и поминувавме многу време заедно. Научивме многу за себе, па мислам дека многу влијаеше да му кажам сè – продолжи таа.
– Мислам дека одамна знаев дека сум геј, растејќи, но овде во Америка може да биде многу конзервативно. Моето семејство е дефинитивно конзервативно. Ние сме од Средниот Запад, и таму сè е многу „кантри“. Пораснавме ловејќи и со риболов. Семејството на Рајан е исто така доста религиозно, објасни таа.
Таа вели дека како што растела размислувала како го преферира истиот пол, но таквите мисли ја исплашиле.
Колку била постара и веќе мажествена, толку товарот на нејзините гради станувал потежок.
View this post on Instagram
Таа се сети и на неговата реакција
– Разговарав со Рајан за тоа. Му реков: „Слушај, јас едноставно се чувствувам така. Не знам дали е чудно и како ќе се чувствуваш за тоа. Тој во основа ми рече: „Во ред е, одлично е, жените се одлични. Впрочем, тој ми призна дека видел некои знаци уште пред да му признам се – изјавила таа и додала дека и понатаму е голема потпора и во се и во нејзината сексуална определба.
– Не се шокирав кога Николет ми се отвори и ми кажа се. Почнав да се сомневам порано, но не сакав да ја прашам, чекав таа самата да ми го каже тоа – додал Рајан.
Откако му открила се на сопругот, таа полека почнала да се отвора и пред пријателите. И веќе им било сомнително, па коментирале: „Ништо, само чекавме конечно да ни го кажеш тоа, знаеме!“.
View this post on Instagram
На семејството можела да признае се дури минатиот јуни
– Се плашев. Една вечер и се јавив на мајка ми. Ѝ реков „Морам да ти кажам нешто“ и плачев – се присетила и додала дека реакцијата на нејзината мајка била фантастична. Таа и рекла: „Те сакам без разлика на се“.
На Николет ѝ било неизмерно полесно.
Таа зборуваше за своето искуство во видеото што го објави на ТикТок. Меѓу коментарите имаше изненадувања и негодувања.
Некои напишаа дека „не е во ред што таа го трошела неговото време со тоа што воопшто се омажила за него“.
Меѓутоа, имало и жени со иста сексуална ориентација како Николет, кои ја поддржале и ѝ честитале на храброста да признае се, пренесува Daily Mail.
View this post on Instagram