25.05.2019 11:13

Пред 57 години над 15.000 кумановци ја пречекале „Штафетата на младоста“


Околу 15.000 кумановци на 13 мај 1962 година ја пречекале и поздравиле Штафетата на младоста. По повод нејзиното пристигнување во Куманово, токму во 19 часот на плоштадот „Маршал Тито“ се одржал митинг на кој присуствувале околу 10.000 граѓани и младинци.

Митингот го отворил претседателот на тогашниот Околински комитет на Народната младина Владо Николовски, а поздравни говор одржал и секретарот на Општинскиот комитет на СК Ездимир Бгодански.

loading...

На митингот било прочитано поздравно писмо до другарот Тито од младината и граѓаните на Куманово.

Штафетата окол 18:55 часот пристигнала на свечено украсените трибини на плоштадот. Штафетната палка на Ездимир Богдановски, секретар на Општинскиот комитет на СК, му јра предала младинката Лилјана Лазаревска.

По одржаната свеченост, штафетата патот го продолжила кон Спомен костурницата на загинатите борци на НОВ, каде била чувада од извидници и феријалци цела ноќ.

Во раните утрински часови на 14 мај, од Споменик костурницата, штафетата го продолжила патот кон Бедиње, Опае, Лопате, Матејче и Липково.

Таа вечер во Липково се одржал свечен митинг на кој учествувале неколку стотина граѓани младинци и деца. За животниот пат на другарот Тито таму говорел преседателот на Општинскиот одбор на Социјалистичкиот сојзу, Ариф Арифи.

Потоа носителите на штафетата го продолжиле патот кон Прешево, по благите падини на Карадак.

Инаку штафетата на младноста традиционално е носена од младинците во поранешна Југославија, во чест на Јосип Броз Тито, и 25ти мај кој во целата тогашна федерација се прославувал како Ден на младоста.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments