07.08.2019 12:17

Пред 53 години Умин Дол и Ново Село добиле електрична енергија


„Вечерва и нашето село добива електрична струја. Ќе славиме, зашто во нашите домови кои досега беа осветлени со газјени ламби и беа обвеани во полутемнина, вечерва за првпат ќе блесне светлото на електричната струја“ – вака жителите на Ново Село и Умин Дол го опишале денот кога во нивните домови, во јануари 1966 година пристигнала електричната мрежа.

Идејата за воведување електрична мрежа постоела многу одамна. Претходно се формирале разни групи кои самоиницијативно го обиколувале селото барајќи поддршка од селаните за воведување струја. Се чекало тоа да го реши општината, но со текот на времето селаните сфатиле дека единствено самите можат да го решат проблемот и пристапиле кон организација и системска работа за собирање на средства од селата.

loading...

Потпомогнати од организацијата на Социјалистичкиот сојуз, републичкиот народен пратеник Хамид Таки и средствата собрани од селаните во износ од тогашни шест милиони динари, се започнало изведување на првите работи.

Притоа, голема помош дала и Задругата од селото која со свои средства учествувала во изградбата на трафостаница со над 800.000 динари и селото Грушино кое учествувало со 450.000 динари.

По една ваква акција не било тешко да се остварат желбите на селаните од Умин Дол и Ново Село.

Единствено село кое во тој период се уште немало струја во Куманово било селото Биљановце.

Извор: „Наш весник“ број 103 (сабота, 15. јануари 1966. година)


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments