Пред 2 децении ги разделиле како сијамски близнаци: Имале 5% шанси да преживеат, а еве како изгледаат денес (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иман и Санија Моват (20) се близначки кои се родени споени. На возраст од само три месеци, тие биле подложени на 16-часовна операција за разделување во детската болница во Бирмингем.

Loading...

Операцијата, која како таква никогаш досега не била изведена во Велика Британија, и само двапати досега во светот, ја водел неврохирургот Тони Хокли.

 

 

Тие сѐ уште се многу поврзани, дури спијат како да се поврзани, а од операцијата изминати се 20 години. И покрај фактот дека имале само пет до 25 проценти шанси за преживување и ризик од парализа, нивните родители одлучиле да ги оперираат.

Сестрите се согласуваат дека разделбата била добра одлука, бидејќи им овозможила да водат индивидуален живот. Сепак, тие откриле дека сѐ уште се многу блиски.

 

Loading...

 

Тие во моментов се во втора година на колеџ и имаат уште една сестра. Додадаваат дека иако се различни, секогаш сакаат да бидат една за друга.

„Понекогаш спиеме во иста положба како и кога бевме поврзани“, додаде Иман.

 

 

И двете имаат спина бифида и слаба страна на телото што им предизвикува болки во грбот и проблеми при одење. Секој има една нога пократка од другата, а Иман понекогаш користи инвалидска количка или патерица за одење.

Loading...

 

 

И покрај здравствените проблеми, тие рекоа дека напредувале далеку над очекувањата на лекарите. Дека е само чудо што тие воопшто одат.

Во видеото подолу, овие некогашни сијамски близначи го прославуваат својот 18 -ти роденден пред две години.