Православните верници го чествуваат Павловден

Сподели со своите пријатели

Павловден е еден од поголемите христијански празници од летниот циклус. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост.

Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата, 29 јуни според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар.

Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.