Православната црква денес го чествува името на Свети маченик Емилијан

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Православната црква денес го чествува името на Свети маченик Емилијан, момче кое живеело во времето на Јулијан Отстапник  во тракискиот град Доростол и бил слуга на градоначалникот.

Кога царот Отстапник почнал со меч и со оган да го сотира христијанството ширум римското царство, во Доростол дошол царски пратеник да ги убива христијаните.

Но, не нашол ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приредил голема гозба на доростолските граѓани и заповедал големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град.

Таа ноќ тргнал Свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокршил сите идоли.

Утредента во градот настанал ужас. Сите го барале разурнувачот на нивните богови. Беше фатен еден селанец когошто го видоа тоа утро како минува крај харемот.

Кога виде дека ќе пострада невин човек, Емилијан си рече: „Ако го сокријам своето дело, што корист од тоа што го сторив? Зар да се најдам пред Бога како убиец на невин човек?“

Му се пријавил на царскиот намесник и признал сѐ .

Loading...

Овој, разјарен, го запрашал Емилијан кој го наговори на она дело.

Христовиот маченик одговорил: „Бог и мојата душа ми заповедаа да ги урнам мртвите столбови што ги нарекувате богови.“ Тогаш судијата нареди да го бијат, а после да го изгорат во оган.

Така го заврши својот земен живот Свети Емилијан и се пресели во небесниот на 18 јули 362 година.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јули.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.