Пратениците ќе го ратификуваат протоколот, знамето на НАТО ќе се крене пред Собрание

Сподели со своите пријатели

Протоколот за членство во НАТО денеска во 15 часот ќе се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието кои ќе треба да го ратификуваат.

Loading...

Станува збор за предвремена ратификација, откако Шпанија ја започна процедурата за ратифиакција, како последна земја членка на Алијансата.

Според тамошните закони ратификацијата во Шпанија нема да заврши до распуштањето на македонскиот парламент, па затоа и ќе се примени предвремената ратификација.

Свеченоста ќе започне во 12:45 часот пред Собранието на РСМ, каде ќе пристигне пратеникот и шеф на хрватската делегација во Парламентарното Собрание на НАТО, Мирослав Туѓман, а ќе присуствуваат и Атила Местерхази од ПС-НАТО, како и Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот на Албанија, Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание на Бугарија, како и Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора.

Свое обраќање пред ратификацијата во 15 часот ќе има претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, лидерот и пратеник на ДУИ, Али Ахмети, по што ќе се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во име на Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се обрати пратеничката Нола Исмајлоска Старова, потоа пратеникот на Алијанса на Албанците, Сурја Рушиди, лидерот и пратеник од Алтернатива, Африм Гаши, пратеникот од Беса, Фадил Зендели и Мерал Ферати од ДПА.

Последен свое обраќање ќе има претседателот на Собранието Талат Џафери.

Откако ќе се ратификува Проколот, пред Собрание ќе биде кренато и знамето на НАТО.

Loading...

Ратифиакцијата има одложено дејство, односно ќе стане валидна, откако тоа првин ќе го стори Шпанија.

Никола Ивановски

Leave a Reply