Пратениците го изгласаа новиот состав на Државната изборна комисија

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Македонија вчеранавечер ги изгласа членовите на Државната изборна комисија.

Loading...

За претседател на Комисијата е избран Александар Чичаковски, за потпретседател Реџеп Прекопуца, додека за членови беа избрани Атанас Урумов, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.

Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница беше избран за член на Анкетната комисија за скандалот со прислушување на местото на Силвана Бонева, која беше избрана за член на ДИК, со што на собраниското столче ќе ја замени Мирјана Кузмановска од ИЕ 4.