Пратеничката група на СДСМ започна да собира потписи за свикување на седница на Собранието, ова денеска го потврди портпаролот на партијата Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.
– Секако станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери. Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција . Секако сметаме дека за тоа се пропишани и сме во согласност со Уставот на државата, и затоа од таа причина сметаме дека треба да направиме уште еден обид во тој дел, изјави Костадинов.
Како што вели тој, добро е да се свика Собранието со оглед на здравствената криза, но и со цел да се потврдат одлуките на претседателот Пендаровски.
– Би сакал да одговорам затоа што беше поставено во прашањата, дека оваа иницијатива е единствено и води единствено во таа функција.Сите шпекулации за наводен обид на нашата пратеничка група за тргнување на претседателот на Собранието, Талат Џафери секако дека ги отфрламе. Секако правиме консултации и со пратеници од други пратенички групи со кои го делиме истото мислење и денеска или во текот на утрешниот ден иницијативата ќе биде доставена до претседателот на Собранието, рече Костадинов.