Позорни полицајци од денеска ќе се грижат за поголема безбедност на кумановци (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Проектот „Позорен полицаец“ од денеска започнува да функционира на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово. Целта на проектот е „маалските полицајци“ да бидат во постојана и поблиска комуникација со граѓаните со цел да се зголеми безбедноста.

 

Loading...

 

Вкупно 70 позорникари на 17 позорни реони во Куманово постојано ќе бидат низ кумановските улици со цел да им излезат во пресрет на граѓаните за сите нивни проблеми, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

 

Според Спасовски за да имаме безбедни граѓани, населени места и безбедна полиција мора да има полициски службеници кои постојано ќе бидат со граѓаните. Улогата на позорниот полицаец, како што вели министерот е навистина посебна.

– И во делот на превентивата е исклучително важна позорникарската служба заради тоа што знаејќи ги и луѓето и условите во кои тие што работат превентивно ќе делуваат или пак граѓаните ќе има на кого да се обраќаат за сите негативни појави што се случуваат во нивното опкружување. Позорниот полицаец е на одреден реон ги запознава сите луѓе со кои што работи, негова работа е да биде во постојана комуникација со граѓаните и тој е полицаец, меѓутоа има одреден реон во кој што работи и е многу значаен, од тој аспект не е обичен полицаец, туку е полицаец од исклучителна важност за работење на полицијата, меѓутоа и во превентивата, изјави Спасовски.

Зависно од потребите на осумте сектори за внатрешни работи кои ги има во државата, ќе се одредува и бројот на полициски службеници кои ќе бидат позорникари. Според првиот човек на полицијата, скопскиот сектор иако е најголем, има најмал број на полицајци.

 

Loading...

 

– Секој од секторите прави своја оперативна проценка колку треба да има позорни реони и позорникари и тоа како ќе го промовираме, односно воведуваме ќе ги гледаме и потребите кои се во однос на полициските службеници, додава Спасовски.

Позорникарската служба освен во Куманово, во функција се става и во СВР Битола и СВР Штип, а наскоро и во останатите сектори во државата.

 

 

Воедно министерот за внатрешни работи ги промовираше и реновираните простории на поранешниот Дом на АРМ каде ќе бидат сместени секторите за управни служби, странци, Секторот за оружје и Секторот за прекршоци.

 

Loading...