Познато кој победи во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија во текот на ноќта ги обработила сите гласови од вчерашниот прв круг на претседателски избори.

Loading...

Според нивните податоци официјално во Старо Нагоричане победник е Гордана Силјановска Давкова, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа освоила 38,06 отсто од вкупниот број гласови, односно за неа гласале 633 гласачи.

Втор е Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ со 487 гласови или 29,28 отсто од гласовите.

Трет е Максим Димитриевски, кандаитот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија со освоени 28,50 отсто од гласовите или вкупно 474 гласови.

За кандидатката на Левица, Билјана Ванковска гласале 1,38 отсто од избирачите, односно таа освоила 23 гласови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило

Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ има четири гласа или 0,24 отсто од гласовите.

Еден глас добил кандидатот на ДУИ Бујар Османи, додека Арбен Таравари не освоил ниту еден глас.

Loading...

 

 

Во оваа рурална општина вчера своето гласачко право го оствариле 1.663 лица, од вкупно 3.047 со право на глас. Излезноста била 54,58 отсто.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 41.

Никола Ивановски