Познато кој ќе го наследи Ким Џонг Ун?

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за директор на јужнокорејската разузнавачка агенција Чо Тае Јонг денеска изјави дека како негов најверојатен наследник ја гледа ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Џу-ае.

Loading...

Џу-ае, за која се верува дека е родена во 2013 година, се најде во центарот на вниманието откако нејзиниот татко ја однесе кај интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 на местото за лансирање на 18 ноември 2022 година, за време на нејзиниот прв јавен настап, објави Јонхап.

Оттогаш, нејзините јавни активности се фокусирани на воени настани.

 

KCNA

 

Севернокорејските државни медиуми почнаа да ја нарекуваат Џу-ае како „почитувана“ ќерка на Ким, наместо неговата сакана или најомилена ќерка, што ги подгреа шпекулациите дека таа се подготвува да биде наследничка на Ким.

„Врз основа на анализите на нејзините јавни активности и нивото на почит од моментот на нејзиното појавување во јавноста, се чини дека Ким Џо-ае најверојатно ќе биде наследник“, рече Тае Јонг.

Сепак, тој рече дека НИС ги остава отворени сите можности кога станува збор за наследување на власта во Северна Кореја, бидејќи сегашниот лидер на Северна Кореја е сè уште млад и очигледно нема здравствени проблеми, а има и други роднини кои би можеле да го наследат.

Loading...

НИС претходно соопшти дека е „премногу рано“ да се каже дали Ју-ае би можела да биде наследник на Ким Џонг Ун бидејќи Северна Кореја е патријархално општество во кое доминираат мажи.

Чо исто така рече дека се верува дека Ким има уште едно дете чиј пол не е познат.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.