Познато кои седум земји не сакаат да ја поканат Украина во НАТО

Сподели со своите пријатели

Претседателот Володимир Зеленски има проблем со Планот за победа, кој се заснова на тоа Украина да добие покана за членство во НАТО.

Loading...

Имено, некои од клучните членки на алијансата не сакаат тоа да се случи, пренесува Политико.

Германија и САД се меѓу главните земји кои не сакаат да ја исполнат желбата на Зеленски за итна покана за членство во НАТО, изјавија за Политико четворица функционери и дипломати од САД и НАТО, кои сакаа да останат анонимни.

Во неговиот План за победа, Зеленски побара итна покана, но призна дека вистинското приклучување во алијансата ќе биде можно само по завршувањето на војната со Русија.

Да потсетиме, тој неодамна инсистираше на тоа дека е „од фундаментално значење“ Украина „да добие покана за време на војната“.

Но, клучните членови на алијансата се загрижени дека ќе паднат во замката на војната со Русија.

Клучните земји се Америка и Германија

Амбасадорката на САД во НАТО во заминување Џулијан Смит во интервју за Политико го потенцира ставот на САД.

„Алијансата до денес не стигна до точка кога е подготвена да понуди членство или покана за Украина“, рече таа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку дена би можел да стане претседател на Романија: „Ќе ја прекинам помошта за Украина“

Самиот Зеленски призна дека Олаф Шолц, канцеларот на Германија, која е втора по Америка по испорака на оружје за Украина, нема да ја поддржи идејата за избрзана покана за Украина за членство во НАТО.

„Имам многу добри односи со Шолц. Ценам дека помага. Германија е втора по поддршка“, изјави Зеленски на новинарите претходно оваа недела.

„Но, германската страна е скептична за нашиот влез во НАТО… Сите ќе треба многу да работиме со германската страна. Но, САД сè уште ќе имаат влијание врз тоа“.

Германија и САД не се единствените земји кои ја блокираат брзата покана на Украина за НАТО.

Орбан и Фицо – европски лидери со про-Кремљ ставови

Против се Унгарија и Словачка, но од други причини. Нивните сегашни популистички лидери заземаат про-Кремљ позиции, при што унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше фондовите на ЕУ за вооружување на Украина, како и програмата на НАТО за испраќање воена помош во Киев.

Во објава на социјалните мрежи, Орбан го нарече планот на Зеленски за победа „повеќе од застрашувачки“.

Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно овој месец предупреди дека дозволувањето на Украина да се приклучи на НАТО „би било добра основа за третата светска војна“ и вети дека „никогаш нема да се согласи со тоа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се повеќе експлицитни „deep fake“ фотографии во САД. Жртвите се претежно жени

Има и други земји кои се против идејата на Зеленски, меѓу нив е и Словенија

Има и други земји кои не сакаат брзо да ја поканат Украина во НАТО.

Loading...

„Зад САД и Германија се кријат земји како Белгија, Словенија и Шпанија“, рече еден од претставниците на НАТО.

Друг функционер рече дека тие земји „апстрактно ја поддржуваат Украина, но кога идејата ќе се приближи до реализација“, тие ќе почнат јавно да се спротивставуваат на тоа.

Ова ги доведува во конфликт со балтичките земји и Полска, кои се многу поентузијасти за поканата за Украина

Полска е за „отворање на НАТО перспективата за Украина“, изјави полскиот премиер Доналд Туск за време на минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ. „Тоа не се промени. Во оваа смисла, ние стоиме во солидарност со Украина“.

„Загрижени сме што НАТО не стане страна во војната“

„Ние се грижиме НАТО да не стане страна во војната, за оваа војна да не се претвори во многу поголема катастрофа“, изјави Шолц за новинарите за време на минатонеделната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Берлин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат мостот на Крим, во Керч одекнаа детонации

Сепак, официјални лица кои разговараа за Политико се обидоа да нагласат дека ниту САД ниту Германија не ја исклучуваат можноста за евентуално пристапување на Украина во алијансата.

Ставот на администрацијата на Бајден долго време беше дека влезот во НАТО ќе дојде по завршувањето на војната – но не е дадена временска рамка за да се избегне гневот на рускиот лидер Владимир Путин.

Иако Бајден помогна во заживувањето и проширувањето на НАТО, а САД се главен донатор на воена помош за Украина, неговата администрација исто така верува дека повеќето европски престолнини нема да поддржат брза покана за Украина да се приклучи на НАТО, според висок американски функционер.

Loading...

Потенцијалниот иден повик на НАТО, исто така, ќе биде поврзан со неопходните антикорупциски реформи во Украина, рече претставникот.

Белата куќа не изрази изненадување од можноста Зеленски да ја засили кампањата за притисок за да добие покана за НАТО пред изборите во САД, од страв дека Трамп, доколку победи, драматично ќе ја намали помошта за Киев.