Познати првичните резултати во Куманово

Сподели со своите пријатели

Гласовите од денешниот втор круг од претседателските избори се пребројуваат во целата држава, а партиските штабови како по обичај се побрзи од Државната изборна комисија.

Loading...

Според партиски извори од СДСМ нивниот кандидат Стево Пендаровски во Куманово води со 3.500 гласови пред противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Од Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово не калкулираа со бројки, само рекоа дека изборниот ден минал мирно, и покрај притисоците кои врз администрацијата биле правени од страна на владејачката гарнитура.

Официјалните податоци од Државната изборна комисија пристигнуваат доста споро.

Во Куманово, според ДИК, водство има Пендаровски со 3.036 гласови, наспроти 1.415 на Гордана Силјановска Давкова. Во проценти кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има 30,63 отсто, а Пендаровски 65,73 отсто од гласовите. Сепак мора да се напомене дека се обработени незначително малку избирачки места, поточно 32 од 167, што во проценти е минимални 19,16 отсто.

Leave a Reply