Познати можните противници на ЖРК Куманово во ЕХФ Челинџ купот

Сподели со своите пријатели

Благодарение на одличните игри, залагањето и борбеноста во сезоната 2015/16, екипата на ЖРК Куманово го освои четврто место со што успеа да обезбеди пласман во европските купови, што претставува одличен успех за оваа млада генерација на ракометарки.

Ждребката за ЕХФ Челинџ купот ќе се одржи на 19.07.2016 година, а можни противници се:

ZRK Ilidza  (Босна и Херцеговина)

ASD Ariosta P.Ferrara (Италија)

SSV Dornbirn Schoren (Австрија)

Helvetia BM Alcobendas (Шпанија)

Во таборот ни изјавија дека како најпосакуван противник им е ЖРК Илиџа од Сараево, а најнепосакуван противник е шпанскиот тим.