Познати цените на Samsung Galaxy S23 за Европа

Сподели со своите пријатели

Доколку ве израдува веста дека цените на Samsung Galaxy S23 нема да бидат повисоки во однос на минатогодишните модели, мораме да ве разочараме.

Loading...

Според познат инсајдер, познати се цените на целата серија S23 кај неименуван шпански трговец, а се чини дека станува збор за зголемување од 100 до 150 евра.

Основниот Samsung Galaxy S23 Ultra ќе биде за 150 евра поскап од Galaxy S22 Ultra, со напомена дека добивате 256 наместо 128 GB простор, но и една третина помалку RAM (8 наместо 12 GB).

Цените на Samsung Galaxy S23

Тоа значи дека во земјите на ЕУ каде што, поради различниот ДДВ, цените се пословично пониски, како што се Германија и Бенелукс, треба да платите 950 евра за најевтиниот модел од серијата Samsung Galaxy S23 или 1.400 евра за најевтиниот S23 Ultra со конфигурација на меморија од 8/256 GB.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Samsung Galaxy S23+ најверојатно ќе чини 1.200 евра со 8/256 GB меморија на споменатите пазари, поради малку повисокиот ДДВ во Шпанија.

Во твитот се наведени цените на Samsung Galaxy S23 од целата серија, со по две мемориски конфигурации, освен Ultra верзијата со 1 TB, која често е ексклузивна за официјалната онлајн продавница на Samsung.

Ваквото однесување на Samsung изгледа како логичен одговор на инфлацијата, така што заработката останува на истото проектирано ниво.

За жал, економскиот факт е дека покачувањето на цените создава дополнителна инфлација, но не грижете се, Samsung нема да се откаже од својата заработка, туку разликата во цената, како и обично, ќе ја платат крајните клиенти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украдената технологија за батерии на Tesla продадена на YouTube

Ако штедите за нов телефон од серијата Samsung Galaxy S23, можеби не е лоша идеја да одвоите малку повеќе пари.

Се разбира, како и секогаш, не се сомневаме дека Samsung ќе даде многу интересни понуди за да ја зголеми продажбата при лансирањето.

Според досегашното искуство, доколку сте меѓу првите кои нарачале нови модели, со нив можете да набавите многу добар паметен часовник, слушалки, безжичен полнач и уште неколку работи.