Позната јужноафриканска пејачка наводно случајно емитувала во живо на социјалните мрежи како нејзиниот партнер ја злоставува во домот.
Пејачката Бејбс Водумо снимала „лајв“ на Инстаграм во својата спална соба, кога ја прекинал маж, наводно нејзино момче, колегата музичар Мандиа Мапхумуло.
Во следните 38 секунди на снимката се гледа како мажот ја напаѓа, удира и тегне за коса.
Шокантната снимка предизвика згрозување во Јужна Африка и отворена е полициска истрага.
– Националниот комесар нареди полицијата да пронајде каде се наоша Водумот, за да може да се добие изјава и да се отвори случај ако вистина е нападната на видеото, се наведува во соопштението од полицијата.
Водумо, чие вистинско име е Бонгекиле Симелане, одбила да коментира, но подоцна објавила снимка на својот Инстаграм по наводниот напад.
Нејзиниот тим на Твитер објавил дека сакаат да се заблагодарат на сите на пораките за поддршка.