Позната излезноста за Куманово до 13 часот

Сподели со своите пријатели

Заклучно 13 часот во Општина Куманово како најголема општина според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 22% од гласачите, односно 20.306 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Во Куманово денеска се гласа на 149 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 92.300 полнолетни граѓани.

Споредбено со излезноста до 13 часот во Куманово од изборниот циклус во 2016 година, се бележи пад на бројот на гласачи.

На минатите избори излезноста до 13 часот била 31.11 отсто.

Никола Ивановски

Leave a Reply