Познат идентитетот на загинатите во вчерашната сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Вчера 19,45 часот на регионалниот пат Штип–Велес кај место викано „Црна Точка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф 4“ со велешки регистерски таблици управуван од П.Ѓ.(41) од Велес и патничко моторно возило „Голф“’ со кумановски регистерски таблици управуван од С.С. (45) од Крива Паланка.

Во незгодата на самото место починале возачот С.С. и сопатничката од истото возило Б.С. (55) од Крива Паланка додека другата сопатничка од истото возило Д.Ј. (32) од Велес била пренесена во МЦ-Велес каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Тригодишно девојче како и возачот од другото возило П.Ѓ. со здобиени тешки телесни повреди од МЦ-Велес биле пренесени во Ургентен центар–Скопје.

Сообраќајот од 20,15 до 02,00 часот на 02.07.2017 година бил во прекин во двата правци. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Свети Николе.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Тројца мртви во возило со кумановски таблички

Loading...