Познат идентитетот на возачот кој загина кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишно лице со иницијали Д.Ф. ноќва загина откако со својот автомобил удрил во бетонски столб на патарината Романовце на автопатот Скопје – Куманово.

Loading...

– На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото, информираат од кумановската полиција.

Момчето загинало на местото на настанот, а во негово извлекување од автомобилот учествувале и кумановските пожарникари кои заедно со вработенитее на патарината го изгаснале и настанатиот пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски