Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово и Ненад Серафимовски (28) од Зубовце, се тројцата загинати полицјаци, додека Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски се останатите бранители кои починаа во борбите во Куманово, јавува Скопје Инфо.
Loading...
Според неофицијалните информации од терен, полицајците загинале од снајперски оган, чистејќи го теренот од преостанатите терористи кои одбиле да се предадат на полицијата.
Македонија во чест на загинатите припадници на безбедносните сили, прогласи дводневна жалост.