Позначително заладување за време на викендот

Сподели со своите пријатели

Позначително заладување се очекува за време на викендот, а до утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а до петок ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринава, повремени локални врнежи од дожд има на југоистокот и тоа во Виница, Струмица и Гевгелија, а во Крушево, Пожаране и Маврово врне снег. Дува слаб до умерен југоисточен ветер којшто е најизразен во Ѓуриште во Светиниколско. Температурата ќе се движи од пет до 10 степени.

Во Скопје слично време со повремени врнежи од дожд претпладне, а потоа врнежи ќе има и во текот на ноќта. Максималната температура ќе се движи до осум степени. /МИА

Leave a Reply