Пожарот во Никуштак изгаснат, во Матејче се уште гори

Сподели со своите пријатели

Два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување и тринаесет вработени во Шумско стопанство Куманово, вчера гасне голем шумски пожар во селата Никуштак и Матејче.

Loading...

Пожарот во селото Никуштак, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, бил изгаснат во 14:30 часот при што била опожарена повриша од 30 хектари сува трева, висока дабова и нискостеблеста шума.

Меѓутоа во повисокиот дел на селото Матејче пожарот се уште е активен, а интервенцијата е отежната поради непристапниот терен.

Вработените во Шумско стопанство Куманово од теренот се повлекле околу 18 часот и истите во текот на денот продолжуваат со борбата со огнената стихија.

Leave a Reply