Пожарникарите вчера со три интервенции на запалена сува трева

Сподели со своите пријатели

Во три одвоени случаи кумановските пожарникари во текот на вчераѓниот ден гаснеле запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Превата интервенција вчера била во период од 16:00 до 16:20, а станува збор за запалена сува трева на улицата „Никола Тесла“ број 102, каде учествувале тројца припадници на Територијалната противпожарна единица со едно возило.

Во период од 17:00 до 19:35 тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запалена сува трува во атарот на селото Скачковце.

За иста интервенција пожарникарите во 18 часот со едно возило се упатиле и во село Тромеѓа, каде гаснеле сува трева во период од 18;00 ди 20:10.

На телефонскиот број во Регионалниот центар за управување со кризи пат стигнало известување дека пожарникарите на Крива Паланка вчера на запалена просторија за производство и чуивање на кашкавал сопственост на приватна фирма „Златно Зрно“.

 

Loading...