Пожарникарите вчера гаснеле мотоцикл, пожар во ресторан и сува трева

Сподели со своите пријатели

Пожар во ресторан, запален мотоцикл, и две интервенции на запалена сува трева и жито вчера бележат припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

­Во периодот од 13,30 до 14,00ч. со пет пожарникари и едно противпожарно возило интервениралево гаснење пожар кој изубвнал во ресторанот „Цитадела“ лоциран на улицата „Народна револуција“. Пожарот избувнал од фритеза, а настанатата материјална штета допрва ќе се утврдува.

Со едно противпожарно возило и четворица пожарникари пожарникарите интервенирале на запалена сува трева во селото Војник во период од 14:30 до 15:25 часот. Причината за пожарот како и висина на материјалмата штета допрва ќе се утврдува.

Во селото Умин Дол гаснеле мотоцикл кој движејќи со огромна брзина удрил во електричен столб, по што истиот се запалил и е тешко повреден. Интервенцијата на пожарникарите траела од 15:20 до 15:50 часот, а лицето поради сериозноста на повредите здобиени од пожарот инто било пренесено на скопските клиники.

Во период од1 9,45 до 17,00 часот со едно возило и тројца пожарникари било интервенирано на опожарена сува трева кај Споменик Костурница.