Пожарникарите со три интервенции во текот на вчерашниот ден

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат три интервенции во текот на вчерашниот ден, од кои две се на запалена сува трева и една техничка интервенција, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

­Во населбата Перо Чичо место викано „Стари лојза“ пожарниакрите интервенирале на запаела сува трева во периодот од 11:10 до 12:30 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари.

Втората интервенција е од технички карактер, кога пожарникарите во периодот од 11:30 до 14:25 го извлекувале телото на шестгодишното дете кое вчера го загуби животот во лифт на булеварот „Трета МУБ“.

Третата интерција е исто така на запалена сува трева во населбата Перо Чичо во месноста „Стари Лојза“, каде е интервенирано во перидот од од 17:10 до 17:30 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари.