Пожарникарите со седум интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вкупно седум интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, најголем дел на запалена сува трева, но имало и запален автомобил, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

На улицата „Доне Божинов“ кај спомен Костурница во 01:40 часот по полноќ вчера се запалило матничко моторно возило. Петмина припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово излегле на терен и интервенирале со 02:20 часот по полноќ.

Интервенција бележат и на запуште објект лоциран во атарот на селото Речица. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале од 13:50 до 15:30 часот.

Останатите интервенции се обично на залепна сува трева:

Во период од 11:10 до 12:30 часот кај село Зеврњак

Во период од 11:25 до 11:50 часот на улицата „Братство единство“.

Во период од 15:45 до 17:30 часот во атар на селото Черкезе.

Во период од 16:55 до 17:15 часот повторно интервенција на улицата „Братство единство“.

Во период од 17:35 часот до 19:45 часот сува трева горела на уште една локација во село Черкезе.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.