Пожарникарите со полни раце работа – шест пожари вчера беснееле во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден екипите не Територијалната против пожарна единица – Куманово бележат 6 интервенции.

Loading...

Првиот случај се случил во текот на вечерните часови во четврток кога од 20:30 до 20:55 часот двајца пожарникари со едно ПП возило гаснеле пожар во близина на местото викано „Стара кланица“ каде горело запалено ѓубре.

Во текот на истата вечер била запалена сува трева во селото Градиште, каде од 20:40 до 22:35 часот тројца пожарникари со едно против пожарно возило го локализирале огнот.

Тројца пожарникари интервенирале на гаснење сува трева на автопатот во Куманово од 13:40 до 15:25 во текот на вчерашниот ден, а од 17 до 18 часот сува трева гаснеле во н. Карпош, од 19:10 до 20:05 интервенција на запалена сува трева бележат на т.н. „Никовски пат“.

Последниот пожар од вчера се случил на „Пчински пат“ кога од 15:30 до 20:05, шест пожарникари со две ПП возила гаснеле запалена сува трева и стрниште.

Од Регионалниот центар за управување со кризи немаат информации за пријавени значителни штети од сите пожари.