Пожарникарите со полни раце работа: Седум пожари вчера во кумановско

Сподели со своите пријатели

Вкупно седум интервенции бележи Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден, при што најчесто гореле стрништа и сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција се случила на Никуљски пат кај месноста викана Почивало во 12:25 часот кога на терен излегле тројца пожарникари со две противпожарни возила. Во гаснењето на огнот се приклучиле и нивните колеги од ТППЕ Старо Нагоричане, бидејќи пожарот се префрлил и на нивна територија. Кончено огнените јазици успеале да ги локализираат во 14:30 часот.

Втората интервенција започнала во 12:40 часот во атарот на селото Лојане каде се запалила сува трева. Три пожарникари со исто толкав бро возила излегле на терен и со огнената стихија се бореле со часови. Пожарот бил изгаснат дури во 2:45 часот.

Стрниште и ниско стеблеста деградирана шума гореле во атарот на селата Ропаљце и Виштица. На терен од 13:25 часот во 23:45 часот биле две противпожарни возила со по тројца пожарникари.

Четвртата интервенција била во атарот на селото Слупчане каде горела сува трева и стрниште. Тројца пожарникари го локализирале огнор во период од 16:05 до 17:40 часот.

Сува трева, дабова и нискостеблеста шума горела во атарот на селото Орашац. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило излегле на терен во 18:45 часот откако ја примиле дојавата, а со дејствувањето завршиле во 21:20 часот кога го ликвидирале огнот.

Седмата интервенција на кумановските пожарникари била во селото Смијковци во Општина Старо Нагоричане. Во 21:50 часот на терен излегле тројца пожарникари, откако примиле дојава дека горат стрниште и сува трева. Интервенцијата ја завршиле педесетина минути по полноќ.

 

Loading...