Пожарникарите со две интервенции на запалена сува трева

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната против пожарна единица Куманово во последното деноноќие бележи две интервенции на територијата на градот.

Loading...

Првата интервенција била вчера изутрина кога од 9:35 до 10Ч55 часот со едно против пожарно возило и три пожарникари била гаснета опожарена сува трева на непозната површина во атарот на селото Доброшане.

Втората интервенција била на улицата „Никшиќка“ кога тројца пожарникари со едно возило интервенирале од 13:50 до 14:40 часот на дојава за запалена сува трева.

Сите пожари се ликвидирани, а нема значителна материјална штета.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.