Пожарникарите од Куманово со пет интервенции за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, Противпожарната единица во Куманово бележи дури пет интервенции за едно деноноќие.

Loading...

Пожарникарите вчера гаснеа пожар предизвикан од запалена сува трева на ул. Доне Божинов, при што во едночасовната интервенција учествувале тројца пожарникари со едно ПП возило.

Втората регистрирана интервенција е забележана во с. Љубодраг каде била пријавена опожарена сува трева и стрниште. Интервенирано е со седуммина пожарникари, а во пожарот биле зафатени и неколку пчелни семејства.

Запалена сува трева била пријавена и во нас. Тоде Мендол на улица Скопска, како и запалена сува трева на ул. Михајло Пупин, додека петтата интервнција е забележана во село Липково, Општина Липково каде е пријавена опожарена сува трева со ниско стеблеста шума со површина од околу 20 хектари.

На лице место е интервенирано е 18:30 цасот до 20:00 часот со едно ПП возило и петмина пожарникари, и пет вработени од Шумско Стопанство Куманово, како  и двајца од Полициска Станица Матејче.

Според дневниот извештај на РЦУК, пожарот во село Липково е изгаснат со редовно дежурство за да не дојде до повторно активирање на пожарот.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.