Пожарникарите гаснеле запалено сено во селото Романовце

Сподели со своите пријатели

Копа сено се запалило во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Романовце, при шти интервенирале припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Пожарот бил пријавен во 16:32 минути, а на терен веднаш се упатило едно противпожарно возило со тројца пожарникари и истиот бил локализиран во 18:10 часот.

Причина поради кој избувнале пламените јазици како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.