Пожарникарите цел ден се бореа со огнена стихија близу селото Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатотот деноноќие, пријавени се повеќе интервенции на ТППЕ Куманово.

Loading...

Пожаникарите во текот на денот гаснеа опожарена кровна конструкција на викедичка во близина на МВ Живкова Карпа, атар на с. Проевце, како и пожар предизвикан од запалено стрниште во нас. Карпош, поточно на Никуљски пат.

Во атарот на селото Шупли Камен, пожарникарите интервенирале на пожар предизвикан од запалена сува трева и напуштени стари лозја, и поради проширеноста на огнот, ТППЕ Куманово делувала со три ПП возила и 10 пожарникари.

Интервенцијата започнала во 13:20 часот, при што пожарот бил ставен под контрола во 02,40 часот следниот ден.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.