Пожарникарите бележат шест интервенции за изминатите 24 часа

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица од Куманово во изминатото деноноќие бележи поголем број интервенции, обично на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 10:05 часот до 10:55 часот со едно противпожарно возило еден пожарникар интервенирал на градската депонија, паралелно со тоа во период од 10:25 до 11:40 било делувано на опожарена сува трева во напуштениот хотел КУБА. Огнот бил изгаснат од страна на четворица пожарникари кои интервенирале со едно противпожарно возило.

Интервенција бележат и на запалено стрниште во атарот на селото Речица, каде тројца пожарникари со едно противпожарно возило го гаснеле огинот во период од 1!:35 до 14:45 часот.

На опожарена сува трева интервенирале и во период од 12:17 до 12:50 и тоа во близина на полигонот на авто школата Југофер, а во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Исто така опожарена сува трева горела и на локалитетот Говедарски пат, во близина на поранешната фабри­ка „Киро Фетак“ ,каде дежурната екипа интервенирала со едно проитивпожарно возило и тројца пожарникари во период од 14,20 до 14,50 часот.

Интервенција се бележи и во приградската населба Ајдучка чешма на опожарена сува трева во временски период од 14,50 до 15,40 часот. Дежурната екипа делувала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Причина за избувнување на пожарите како и површината на истите и висинатата на настанатата материјална штета се непознати.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...