Пожарникари и граѓани заедно гаснеа опожарена шума близу селото Орашац

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, екипата на ТППЕ Куманово во текот на изминатото деноноќие бележи шест интервенции.

Loading...

Пожарникарите интервенираа во атарот на с. Долно Којнаре во м.в Палестина, на Никуљски пат, во нас. Вера Которка, во с. Проевце во м.в Бејтови ниви како и  во с. Горно Којнаре каде на сите споменати локации е пријавен пожар предизвикан од опожарена сува трева.

Екипата на ТППЕ Куманово интервенираше и на потегот помеѓу с. Скачковце и с. Орашац каде бил пријавен пожар предизвикан од опожарена сува трева и нискостеблеста шума со површина од околу 30 хектари.

Во гаснење на пожарот учествувале деветмина пожарникари, тројца граѓани кои со едно теренско возило и две противпожарни возила успеале да го ликвидираат огнот неколку часа подоцна.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.